Смешно, но вистинито: Понуда за дочек на Нова Година во Скопје
Секоја година сме сведоци дека понудите за пречекот во кафеана се лажни.
Плаќате за неограничен пијалок од сите видови, а добивате една чаша коњак и потоа има уште вино.
Низ социјалните мрежи крижи една смешна, но вистинита понуда за прослава на Нова година во Скопје.
Ние ви ветуваме:
-Даска со најевтината салама и сиренце по цена на пршута и пармезан. Нема гајле, толку ќе бидете пијани што ова ќе биде најнеопасното нешто што ќе го ставите во уста; -Неограничено пиење, освен виски, коњак, вотка,текила, џин, ликери и во принцип сè што чини над 150 денари;
-Врвен диџеј што уствари е дете од маало што се согласи да дојде без хонорар, само со платени пијачки (читај горе). Веројатно ќе биде напнат заради пијачките и музиката што ќе ја пушта ќе биде ужасен микс на Цеца, Куку Леле и Продиџи.
-60 карти за да не се прави гужва, ама тоа што не го знаете е дека ќе има тродупло од тоа. Колку повеќе луѓе, толку повеќе пари...овај, среќа де!
Ве очекуваме вас и вашите паричници!
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа