Во Велес работилница на ФЗО наменета за пензионерите

 
Во организација на Фондот за здраствено осигурување на Македонија и Подрачната Единици во Велес, а во соработка со Сојузот на пензионери на Македонија и Здружението на пензионери на  Велес, денеска во Велес се одржа 18-та по ред работилница од вкупно планираните 19, а  наменета за пензионерите на тема „Правата од здраственото осигурување“.
 
По темата пред пензионерите зборуваше Маја Парнарџиева Змејкова директор на Фондот за здраствено осигурување на Македонија, која ги запозна пензионерите за новините на Фондот во однос на правата на пензионерите.
 
Во информацијата за медиумите директорката Парнаџиева Змејкова искажа благодарност до Сојузот на Пензионери на Македонија за добрата соработка што е производ напотпишаниот меморандум за соработка. 
 
- Активностите кои ги спроведуваме од оваа година,а ќе продолжат и во наредната година преку матичните лекари,а во комуникација со  сите осигуреници се однесуваат на трите хронични заболувања, а тоа се дијабетесот,бубрежната болест и кардиоваскуларните заболувања, потенцира Парнарџивеа Змејкова.
 
Директорката Парнарџиева Змејкова најави новина која ФЗО веќе ја подготвил, а се очекува да стапи во сила  во јануари  2015 година.
 
- Станува збор за олеснување на новите пензионери кои што што во првите месец, два три, додека да добијат решение за пензионирање од Фондот за пензиско осигурување, а кои во овој период досега немаа  здраственото осигурување,  сега со оваа новина ќе добијат здравствено осигрување.Тоа значи дека во првите 60 дена откако некој работник заминува во пензија додека добие пензија и го стекне правото на здраствено осигурување како пензионер ќе биде бесплатно здраствено покриен како нов пензионер,појасни Парнарџиева Змејкова.
 
Таа посочи дека ова ново право произлегло по барање на нивните Подрачни служби на Фондот за здраствено осигурување кои се соочуваат со овие проблеми со новите пензионери. 
 
Драги Аргировски претседател на Сојузот на пензионери на Македонија искажа благодарност и ја поздрави ваквата одлука на Фондот. Тој информира дека пензионерите на овие работилници низ Македонија  најмногу се интересирале и за лековите и нивното користење.
 
Во врска со ова прашање, директорката на ФЗО Маја Парнарџиева Змејкова за идната 2015 година најави одржување на 30 нови работилници во 30 македонски градови токму на оваа тема - лекови.
 

 

Оцени ја веста

17.12.2014 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега