Градежни активности за изградба на мини-парк во централното подрачје на Охрид

 

Општина Охрид денеска отпочна со градежни активности за уредување на просторот кај Музичкото училиште во централното градско подрачје, каде од неодамна беа отстранети незаконски поставните времени објекти.

Станува збор за локацијата во неспоредна близина на Мини Маркетот, на крстосницата меѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Јане Сандански“, каде според плановите на локалната самоуправа ќе биде уреден мал парк со хортикултурно уредување и илуминација.

Градоначалникот Никола Бакрачески кој беше на  лице место истакна дека овој дел од градот ќе стане привлечно катче за одмор на возрасните  и забава на помладите.  

Просторот партерно и хортикултурно ќе го уредуваме, а предвидени се и поплочени пешачки површини на кои ќе бидат поставени елементи од урбана опрема како клупи, мала фонтана и канти за отпадоци, рече Бакрачески. Тој додаде дека просторот  ќе биде осветлен со канделабри, странични ѕидни светилки и подно осветлување, како и реквизити за децата.

Проектот е под целосна финансиска капа на општина Охрид, а во неговата реализација ќе бидат вклучени сите општински јавни претпријатија. Се очекува да биде готов до 19. јануари односно за празникот Богојавление – Водици. 

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 15:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега