Пусиќ: ЕУ бара начин Македонија да ги почне преговарите

 

Хрватската министерка за надворешни работ, Весна Пусиќ, попладнево изјави дека шефовите на дипломатиите на земјите-членки на Европската унија расправале за случајот со Република Македонија на денешниот Совет за општи работи (ГАК) и дека се на став оти е потребно да се најде начин како земјата да напредува во евроинтеграциите. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Советот на Унијата денеска носи заклучоци во однос на процесот на проширување за претстојниот Самит на Европскиот совет, каде повторно за Македонија нема датум за почеток на пристапните преговори поради грчката блокада.

За време на дебатата за закучоците, шефицата на хрватската дипломатијата излезе од состанокот за да даде изјава за медиумите и притоа за МИА потврди дека минситрите на ЕУ-земјите бараат начин да ја изведат Македонија од ќорсокакот во кој западна во евроинтеграциите.

- Разговаравме за изнаоѓање некакво решение во случајот со Македонија со цел земјата да може да напредува кон отворање на преговорите со оглед на тоа што сметаме дека токму ова задржување на Македонија изминатите години, можеби предизвика и одредено назадување во земјата, истакна Пусиќ.

Наскоро, Советот за општи работи се очекува да излезе со официјалните заклучоци за сите земји-кандидати и потенцијални кандидати, бидејќи амбасадорите на ЕУ-земјите во рмаки на КОРЕПЕР групата на Советот на ЕУ, минатата недела ги усвоија сите детали и денеска единствено се расправа за новонастанатите случувања во Турција, кои ЕУ сака да ги вметне во заклучоците за оваа змеја-кандидат за членство во Унијата. 

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега