ФОТО: 13 припадници на АРМ заминуваат но нова мисија во Авганистан

 

Министерот за одбрана Зоран Јолевски денес оствари средба со 13-мината припадници на АРМ кои заминуваат во рамките на новата мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, која официјално ќе започне на 1-ви јануари идната година.

-Јас сум сигурен дека вие достојно ќе ја претставите Македонија во оваа нова мисија и дека ќе придонесете кон достигнувањето на главната цел на ’Одлучна поддршка’ – развојот на Авганистан, им порача министерот за одбрана на припадниците на АРМ. 

На средбата во Министерството, на која присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Горанчо Котески, Јолевски додаде дека за нас е најзначајно сите припадници на Армијата кои се дел од меѓународни мировни мисии да се вратат здрави и живи дома во своите семејства и својата татковина.

-Вашите искуства се непроценливи за развојот на Армијата и затоа очекуваме истите да ги споделувате со своите колеги, со што ќе помогнете и во развојот на сопствената Армија, рече министерот Јолевски.

Како што соопштуват од министерството, тој додал дека сите вработени во Министерството и Армијата се на располагање на нашите мировници, секогаш кога има потреба за тоа.

Генералот Котески, пак истакнал дека од припадниците очекува, секој на своето работно место да го даде својот максимум.

-Да покажеме дека работиме согласно сите стандарди, работиме квалитетно и дека сме подготвени да дадеме реален придонес во рамки на мисијата Одлучна поддршка, посочил Котески.

Согласно одлуката на Владата и Собранието, Македонија учествува со вкупно 38 припадници на Армијата и тоа 5-мина офицери во рамки на германскиот контингент во Командата Север, 12 офицери и еден подофицер во рамки на турскиот контингент во Командата на Кабул, како и 20 мировници како обезбедување на Командата на „Одлучна поддршка“.

 

 

Оцени ја веста

16.12.2014 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега