Македонски таленти и хумор: Ова се петте најгледани видеа во Македонија
Неодамна сервисот „Јутјуб“ ги објави десетте најгледани видео-спотови за 2014 година. Прва на листата е Кети Пери со нејзината „Dark Horse“ со 715.000 000 прегледи, а по неа следуваат Енрике Иглесиас, Шакира, Џејсон Деруло и уште неколку други.
Телеграф направи листа со пет најгледани видеа во Македонија за 2014.
На првото место е младиот музички талент Трајче Ѓеорѓиев (13) од Струмица, кој се натпреварува на музичкото шоу „Ѕвездичките на Пинк“.
1. Трајче едноставно „растури“ на сцената на ова шоу. На неговиот вокал не останаа рамнодушни ниту Гоца Тржан, Јелена Томашевиќ, Милан Станковиќ, Хари Варешановиќ и Леонтина Вукомановиќ. Видеото каде што Трајче ја изведува „When i was your man“ за нецели три недели има 758.388 прегледи.
2. Даниел Кајмакоски и неговата изведба на „Hurts“ на музичкото натпреварување „Х-фактор“, каде што и победи, досега има 329.729 прегледи.
3. На третата позиција се најдоа момците од К-15 и нивниот скеч за „Крај на школската година“. Ова видео има 184.335 прегледи.
4. Изведбата на нумерата „Listen“ на Трајче Ѓеоргиев на музичкото натпреварување „Ѕвездичките на Пинк“ за само неколку дена има 160.229 прегледи.
5. Момците од „Џимиринки“ за нивната пародија „Сен Тропе“, инаку песна на познатиот бугарски пејач Азис, имаат 121.130 прегледи досега.
ИЗВОР: ТЕЛЕГРАФ.МК
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа