Ристовски: Се стега обрачот за тоа кој може да биде директор на училиште
Заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, во дневникот на Сител истакна дека досега имало случаи на нецелосно менаџирање на состојбите во училишта, па се појавувале проблеми.
Со нов закон, ќе се знае јасно- кои услови треба да ги исполнува едно лице за да може да стане директор на училиште.
-Комплетно се уредува целосно процедурата за тоа каков профил, низ какви процедури треба да помине лицето, каков тип на обуки, менаџерски, работа со финансии, работење врз основа на легислатива, за да потоа помине низ три филтри за полагање за конечно да добие статус на директор, рече Ристовски.
Целото негово гостување во дневникот на Сител погледнете го во продолжение.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа