Груевски до Евреите: Нека ви е среќен празникот Ханука

 

Во името на Владата на Република Македонија и во свое лично име, премиерот Груевски  на сите припадници на Еврејската заедница во Република Македонија, им упати најсрдечни честитки по повод големиот Еврејски празник ХАНУКА.

Во продолжение следува честитката од премиерот до Претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија Берта Романо-Николиќ

Еврејската заедница е почитуван сегмент од нашето општество и со нејзиното дејствување придонесува во заедничките вредности кои не сплотуваат, и се нашата заедничка уникатност и предност. Заедно почитувајќи се ние оставаме и трајна вредност на генерациите кои доаѓаат.

Празнувањето на овој важен ден на Вашата заедница е симбол и потсетник на човековата истрајност и нескршливоста на духот на една заедница. Важноста на секој човечки живот е непроценлива, а сеќавањето на секој загубен живот е безвременско. Од тука, да се почитува човековиот живот и правото на другиот да опстојува, да живее, да твори и напредува во мир и слобода, претставува еден од најважните човекови принципи. Токму затоа, овој празник, нека бидe вечен потсетник за сите народи во светот за значењето и важноста на слободата во животот на човекот.

Ви посакувам среќни празнични денови и Ве поздравувам со традиционалниот поздрав, ХАНУАКАХ САМЕАХ.

 

 

Оцени ја веста

15.12.2014 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега