Проверете каде низ Македонија вее снег во моментов

Слаби снежни врнежи се регистрирани на одредени планински врвови но тие не се доволни за формирање поголема снежна покривка. Во моментов слаб снег провејува на Попоа Шапка и на планинскиот превој Стража. На Мврвово вечерва многу слаби врнежи од снег, а малата снежна покривка која се формираше пред неколку дена веќе ја нема.
Слаб снег провејува и на Кожуф. Неколку села вчера беа практично завеани но на ски центарот се уште нема доволно снег за да почне скијачката сезона.
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









