ПОМОГНЕТЕ: Овој човек исчезна во Тафталиџе

Од рано утрово, 72-годишниот Трајко Арсовски од населбата Тафталиџе, е исчезнат.
Неговото семејство е во страв и моли за помош. Последен пат е виден во близина на последната автобуска станица на 24-ка.
Кога излегол од својот дом, дедо Трајко бил облечен во тегет тренерки и маслинесто зелена јакна. На главата носи плетена црвено-бела капа.
Ве молиме, ако некој има било какви информации и го видел овој човек денес, да пријави на телефонскиот број 078-596-404.
Оцени ја веста
13.12.2014 - 21:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









