ФОТО: Пратеникот Ѓорчев на реизборот на Ангела Меркел

 

Меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев и претседателот на Комисијата за европски интеграции на ВМРО-ДПМНЕ, Јован Андоновски присуствуваа на 27-от Конгрес на ЦДУ кој се одржа во Келн, СР Германија.

Делагацијата на ВМРО-ДПМНЕ имаше повеќе средби со повеќе функционери на ЦДУ, како Урсула фон ден Лејден, министер за одбрана на Германија. Исто така, остварија средба со Ханс Герт Петеринг, поранешен претседател на Европскиот парламент и со актуелниот пратеник во Европскиот парламент од редовите на ЦДУ Дејвид Мекалистер.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше средба со Бертл Венгер, шеф за меѓународни односи на владејачката ЦДУ од Германија, како и повеќе пратеници во германскиот Бундестаг.

На конгресот беше извршен реизбор на досегашниот претседател на ЦДУ Ангела Меркел од страна на присутните делегати на конгресот.

Во своето обраќање, старо-новиот претседател на ЦДУ  Ангела Меркел се осврна на внатрешните и надворешно политичките прашања од значење за ЦДУ, Германија и ЕУ.

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега