Започнаа подготовките - кои ќе бидат Кумот и Здравичарот за Бадник 2015?

Скопјани и годинава,по 23-ти пат,благодарение на активноста на Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје,ќе им се радуваат на Бадникарските свечености.
В среда,17.12.2014.пред новинарите ќе бидат претставени Кумот и Здравичарот за Бадник 2015.
Традиционално, на 28-ми последната недела во Декември, од падините на Водно на скопјани ќе им биде обзнането дека се е готово за централното одбележување на Бадник,на 6-ти Јануари на платото пред Соборниот храм Свети Климент Охридски во Скопје.
Уште еднаш ќе бликнат радост и среќа со бадниковото гранче,нафората и голтката топла ракија,во пресрет на Бадник и во предвечерјето на најголемиот Христијански празник Божик.Кумот за Бадник 2015 со пајтон ќе замине со преодниот Ќуп,откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ Г.Г.Стефан,поздравен од своите сограѓани,задоволни што нивниот град негува уште една убава традиција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









