Супер вести за викендов - уживајте!

 

Имајќи во предвид дека изминативе денови го „трпевме“ тмурното и врнежливо време, информацијата за времето кое нé очекува за претстојниот викенд ќе ни дојде сосема добро, анализира специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Вистински убав ден се очекува денеска. Постои мала веројатност за сосема слаба котлинска магла наутро, која ќе има краток век на траење, за во текот на денот да преовладува сончево време. Ветерот ќе биде сосема слаб, а ќе дува претежно од југ.Минималната температура ќе има вредност од -3°С до 2°С низ котлините. Дневниот максимум на температурата ќе има вредност околу 9°С во поголем дел од котлинита, а во јужниот регион истиот ќе достигне вредности и малку над 10°С.

Во недела се очекува мала до умерена облачност, но со повеќе сончеви периоди. И утрото и денот ќе бидат потопли од сабота, но само за околу 1°С. Па така максималната температура ќе има вредност околу 10°С во поголем дел од земјата.

 Уживајте во убавото време!

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега