Се разбудивме на минус три - какво ќе биде времето денеска?

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, наутро со услови за појава на магла. Во јужните и во југоисточните делови од земјата во пoпладневните часови ќе има и услови за појава на локален дожд, а на високите планини слаб снег. Ќе дува слаб променлив ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три, а дневната од пет до девет степени.

Во Скопје времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, наутро со услови за појава на слаба магла. Преку денот ќе дува слаб променлив ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во текот на денот се уште ќе има услови за појава на слаб дожд во јужните делови од земјата, а од утре до понеделник ќе биде стабилно со ниски утрински температури. Дневните температури благо ќе се покачуваат до викендот.

 

 

Оцени ја веста

11.12.2014 - 09:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега