Попоски утре во официјална посета на Унгарија
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, утре ќе оствари официјална посета на Унгарија, на покана на неговиот колега, унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.
Посетата се совпаѓа со одбележувањето на 20 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Унгарија.
Покрај домаќинот Сијарто, министерот Попоски ќе оствари средба со спикерот на унгарскиот Парламент Ласло Ковер, а ќе има и излагање во Унгарскиот институт за надворешни работи и трговијаза важноста на интеграцијата на земјите од Балканот во Европската унија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа