Кои населби утре ќе бидат без струја?

 

Дел од корисниците од улиците „Козара“ и „Владимир Назор“ во општина Аеродром, како и од улиците „Елисије Поповски Марко“, „Васил Ѓоргов“, „Васил Левски“, „Ѓорѓи Абаџиев“, „Бел Камен“, „Мајка Тереза“ и „Шарски Одреди“ и корисниците од улицата „Јордан Мијалков“ во општина Центар утре од 9 до 12 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Од 8:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Петар Манџуков“, „Марко Крале“ и „Хо Ши Мин“ во општина Бутел, а од 9 до 15:30 часот и корисниците од село Љубин.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 15:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега