ВМРО-ДПМНЕ со поддршка на измените на Законот за домување
Со предложените измени на Законот за домување со кои се предвидува нов рок за поднесување барања за откуп на стан, односно за пренос на право на користење стан во општествена сопстевност, ќе се овозможи заокружување на процесот на откуп на станови во општествена сопственост, смета пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
- Со новите измени и дополнувања на Законот за домување сите оние граѓани кои не успеале до 31 декември 2010 година да поднесат барање за откуп на стан во општествена сопственост, им се дава можност преку продолжување на рокот до 31 март 2015 година да поднесат барање за откуп на станот односно барање за пренос на правото на користење на стан до органот надлежен за вршење на работите од станбено-комуналната област, рече денеска на прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затурвоска.
Дополнително, додаде, со измените на Законот за домување се предвидува и се дава можност на оние лица кои не ги исполнуваат условите пропишани согласно овој закон, за откуп на стан односно пренос на право на користење на стан по општествени услови да можат да го користат станот под закуп.
- Како пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ сигурни сме дека со продолжување на рокот за откуп на стан во општествена сопственост, ќе се овозможи многу граѓани да го решат станбеното прашање и да стекнат свој личен имот, наведе Затуровска.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа