Бесими се сретна со словачкиот вицепремиер Лајчак

 

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими за време на посетата во Република Словачка се сретна со словачкиот вицепремиер за надворешни работи и европски прашања Мирослав Лајчак.

На средбата Бесими и Лајчак разговарале за односите меѓу Македонија и Словачка и за можностите за нивно натамошно продлабочување во насока на разменување на искуства околу спроведувањето на реформите и приближување на земјата кон Европска Унија и искористување на европските фондови.

Бесими на средбата информирал за евроинтегративниот процес на Република Македонија и за заложбите на Владата во спроведувањето на агендата на ЕУ која, како што посочил, претставува клучен стратешки приоритет на Македонија.

- Декемврискиот самит на Европскиот совет претставува одлична можност за земјите кои ја подржуваат Република Македонија во евроинтегративнот процес, да ја изразат нивната  подршка и со тоа на Македонија да и се даде зелено светло за започнување со преговорите за членство во ЕУ, рекол на средбата Бесими.

Околу Извештајот на Европската комисија за напредок на Република Македонија за 2014 година, Бесими посочил дека е од клучна важност добивањето на шестата препорака за започнување на преговорите за пристапување кон ЕУ, кое, како што рекол, е битно не само за продолжување со реформскиот процес, туку и за задржување на фокусот во исполнувањето на обврските кон ЕУ.

Извештајот на ЕК, рекол, дава објективен одраз на постигнатиот напредок, како и за препораките во областите што се бара поголем напредок во иднина.

- Во врска со наодите на Извештајот, Бесими истакна дека Владата веќе има спремено Нацрт акциски план каде се предвидени краткорочни и среднорочни активности и временска рамка за нивна реализација во клучните области како што се реформите во правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал, слободата на изразување и медиумите, меѓуетнички односи, реформи во администрацијата, економските реформи..., се вели во соопштението од кабинетот на вицепремиерот Бесими.

Меѓу другото, тој потенцирал дека подготвеноста на Европската комисија за продолжување со Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) е од голема важност за Република Македонија и дека сме подготвени да ги одредиме следните приоритети во оваа насока, со цел, како што рекол, одржување на позитивниот моментум и динамиката на реформите во насока на приближување на земјата кон ЕУ и покрај долгото чекање за добивање на официјалниот датум за преговори.

За време на неговиот престој во Република Словачка вицепремиерот Бесими се сретнал и со претседателот на Комисијата за европски прашања Љубош Блаха, на која уште еднаш се потврди подршката што Република Словачка и ја пружи на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. Двајцата соговорници разговарале за натамошното продлаболчување на постоечките добри билатерлани односи во насока на размена на искуствата и блиската соработка во области од взаемен интерес.

 

 

Оцени ја веста

10.12.2014 - 13:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега