СДСМ пак се посрамоти: Со цела партиска логистика и сите пари на СОРОС собра едвај 3000 луѓе
Ниту цела партиска логистика, ниту парите на СОРОС ниту пак максималниот партиски ангажаман. Сите ресурси на СДСМ не беа доволни за да се соберат повеќе од две до три илјди луѓе на денешниот партиски протест, кој барем на хартија, го организираше соросовиот Студентски пленум.
Опозицијата уште еднаш се посрамоти пред цела Македонија, вадејќи мала бројка на луѓе за партија која претендира да дојде на власт. Иако најголем дел од професорите на факултетите се членови на опозицијата, студентите сепак решија да не му дадат масовна поддршка на протестот на СДСМ.
Од урово сите медиуми на СОРОС своите новинари ги испратија пред училиштата за да вршат притисок врз средношколците да излезат на протест. Според бројката која може да се забележи на протестите очигледно нивната акција помина без успех.
Уште од вчера, повици со поддршка за „студентите“ стигнаа од сите соросови организации без исклучок, а функционерите и членовите на СДСМ добија партиска задача, сите на социјалните мрежи да ги споделуваат овие информации и јавно да даваат поддршка на протестот. Речи си и да нема функционер на СДСМ кој на својот профил на Facebook нема споделено поддршка за протестот.
Покрај теренска, медиумите на СОРОС имаа задача да дадат и финансика поддршка преку бесплатно објавување на промотивен материјал.
Од фотографиите кои кружаат на социјалните мрежи може да се забележи дека меѓу оние кои протестираат има и постари лица, дел од партиските ограноци на СДСМ кои дојдоа да ја дополнат бројката за протестот да добие на масовност.
Премиерот Груевски викендов од годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ му порача на Заев да не се крие зад децата и доколку има капацитет да организира партиски митинг преку кој ќе го искаже незадоволството.
Студнтите се револтирани од обидот на СДСМ на нивниот грб да печали политички поени. Велат дека секоја слободна мисла во Македонија се окупира од структурите на СДСМ и СОРОС и наместо да и се дозволи да излезе на површина експресно се злоупотребува за партиските цели на опозицијата.
Што се однесува до СДСМ, ова не е прв пат опозицијата да се посрамоти во организацијата на протести. Свесни дека немаат поддршка меѓу граѓните, социјалдемократите и на последните избори речи си и да не одржаа ниту еден голем митинг. Поради недостаток на луѓе кои ќе ги поддржат, тие се решија за „нов“ пристап, кој наводно, бил подобар и овозможувал директен контакт со граѓаните лице в лице.
Изборните резултати покажаа дека не биле во право.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа