Во Вевчани ќе се избира најдобра карикатура

 

Меѓународната културно-научна манифестација „Печалбарски денови“ и Вевчанското културно лето „ВЕВКУЛ 2015“ распишаа Меѓународен конкурс за карикатура на тема „Поплава, поплава...“

Право на учество на конкурсот имаат сите кои цртаат карикатури и имаат смисол за хумор и сатира. Форматот и бројот на карикатури со кои еден автор-карикатурист ќе учествува на конкурсот не е ограничен, односно е по избор на авторот.

Жири-комисијата ќе доделува прва, втора и трета награда односно златна, сребрена и бронзена маска. Добитниците на награди ќе добијат и пасош на Карневалска Република Вевчани, како и други подароци. 

Од наградените и селектирани карикатури идната година во рамките на манифестацијата „ВЕКУЛ“ ќе биде организирана изложба во Вевчани. 

Спонзор на Меѓународниот конкурс за карикатури што ќе биде отворен до 24 декември е Општина Вевчани. 

 

 

Оцени ја веста

09.12.2014 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега