Снег на Деве Баир
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир ( од с.Узен до гр.премин Деве Баир ) со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија пат.
Појава на магла има на патниот правец Страцин – Кратово – Пробиштип со виливост 50-100м., патен правец Страцин – Куманово видливост од 50-100м. и планински превој Стража вид. 30-40м.
Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија - Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа