„Госпоѓа министерка" го отвори театарскиот маратон - МНТ полн до последно столче
Театарскиот маратон започна денес по повод една година од отворањето на новата зграда на Македонскиот народен театар.
Маратонот го отвори претставата „Госпоѓа министерка" со преполна сала од 700 гледачи. Следуваат: „Сомнително лице" 14:00, „Свадбата на Фигаро" 16:00, „Изгубени германци" 18:00 часот.
Поетска вечер посветена на Блаже Конески првиот драматург во МНТ (во балетска сала) 18:30.
Промоција на печатеното издание на драмата „Вечната куќа" и Чај за двајца - Гостин Јордан Плевнеш 20:15
Центарален дел од маратонот ќе биде големиот Концерт МНТ и пријателите 21:30 часот.
Концертот ќе биде пропратен со бенд и ќе учествуваат актерите од ансамблот на МНТ: Сенко Велинов, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Весна Петрушевска, Нино Леви, Трајче Ѓоргиев, Сашко Коцев, Гораст Цветковски, Софиа Насевска -Трифуновска, Ивица Димитриевиќ, Тина Трпковска, Александар Ѓорѓиев и актери гости од другите театри.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа