Македонците се повеќе гледаат театарски претстави
Во сезоната 2013/2014 во професионалните театри во Македонија имало вкупно 5,7 отсто повеќе претстави и зголемен број на посетители за 0,8 проценти во однос на сезоната 2012/2013, соопшти Државниот завод за статистика.
На една претстава имало просечно 205 посетители. Во професионалните театри за деца и млади бројот на претстави бил намален за 6,6 отсто, како и бројот на посетителите (за 18,6 проценти).
Зголемување на бројот на изведени претстави (10,7 отсто) имало во аматерските театри, каде што вкупниот број на посетителите бил зголемен за 3,3%.
Според ДЗС, во 2013/2014 во однос на 2012/2013 година бројот на концертите на Филхармонијата бил ист, а бројот на посетителите намален.
Кај Ансамблот на народни игри и песни „Танец“ е забележано зголемување на бројот на концерти во 2013/2014 споредено со 2012/2013, но намален број на посетителите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа