Саем за вработување лица со попреченост во Куманово

 
 
 
Над 20-тина компании учествуваа на денешниот „Саем на можности за вработување лица со попреченост“ што  во Куманово го организираше УСАИД во рамки на проектот за практикантска работа и вработување лица со попреченост. Преку проектот досега вработени се 78 лица.
 
Целта на проектот е да се зголемат можностите за вработување на овие лица, но воедно и да се  подигне јавната свест за нивните вештини и предизивиците со кои се соочуваат
 
- Саемот треба да покаже дека лицата со попреченост се всушност лица со способности. Сигурни сме дека оваа бројка, следните месеци ќе се зголемува. Задолни сме од одличната соработка со Владата и за се она што таа го прави за оваа проблематика и за оваа категорија граѓани, вели Стајн.
 
Тој нагласи дека ова е првиот саем за можности за вработување лица со попреченост кој го организираат во рамките на проектот, а се планира до крајот на проектот да се организира уште еден ваков саем.
 
- Фирмите се повеќе стануваат свесни за законските бенефиции што ги добиваат од вработувањето на лица со попреченост. Во најава е новиот закон, а и сегашниот закон нуди многу можности, ослободување од плаќања даноци, придонеси, адаптација на работно место и слично, вели Лидија Дамчевска проект менаџер на проектот.
 
Претседателката на „Порака Наша“, Благица Димитровска вели дека лицата со попреченост можат да работат и да придонесат за успешно развивање на компаниите. - Лицата со попречност се вредни работници, вели Димитровска.
 
Милена Илиевска од кумановската фирма „Доминос“ вели дека во комапнијата вработени се четири лица, кои се мошне лојални работници и навремено ги извршуваат работите.
 
И општина Куманово го поддржува овој проект. Градоначалникот Зоран Дамјановски се надева дека проектот ќе овозможи вработување на дополнителен број на оваа категорија граѓани.
 
Досега преку проектот обучени се 277 лица со попреченост за „Стратегии за барање работа“,14 лица ја посетиле дводневната обука за претпримеништво, а 147 претставници од различни компании и институции се обучени за менторско водење на лица со попреченост.
 
Проектот се спроведува веќе две години  во повеќе градови во Македонија и ќе трае до август 2016 година, а го имплементираат „Моја кариера“ од Скопје во партнерство со „Хендимак“ од Тетово и „Порака Наша“ од Куманово. 
 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега