Спасов: Соодветни мерки ако е прекршен законот во случајот Добрево

 

Доколку се утврди било какво непочитување на законот ќе бидат преземени конкретни мерки против сторителот. Државниот инспекторат за труд ја проверува настаната ситуација во рудникот Добрево и во текот на следната недела се очекуваат повеќе детали. Ова го изјави денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Министерот најави дека ќе се направи реконструкција на случајот и оти ќе бидат ангажирани експерти кои ќе ги проверат и детектираат причините за несреќата:- И досега покажавме дека водиме интензивни контроли на рудниците низ државата и секое непочитување на законот не се толерира и согласно законот се изрекуваат парични казни или кривични пријави. Во овој момент не можам да дадам повеќе детали, но очекуваме во текот на следната недела да имаме повеќе информации за овој случај, истакна Спасов.

Во експлозија што настана во рудникот „Индоминерали и метали“ беа повредени четириесет и двегодишниот Д.З. и четириесет и деветгодишниот З.Т. од Пробиштип.

Од „Индоминерали и метали“ денеска информираа дека несреќата се случила поради невнимание при ракување со експлозив од страна на еден од рударите. Оттаму прецизираат дека двајцата повредени рудари се надвор од животна опасност. Едниот од нив се задобил со потешки телесни повреди, а додека другиот има полесни повреди.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега