ФОТО: Вељановски се сретна со Вајгл
Денес претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски оствари средба со новоименуваниот известувач на Европскиот парламент за Република Македонија Иво Вајгл. При средбата беше искажано обострано задоволство за остварената средба како и надеж за добра понатамошна соработка.
Претседателот Вељаноски го искажа своето убедување во добрата намера на Европските институции поради досегашната голема поддршка во зајакнувањето на законодавниот дом односно во обостраната соработка и цел за подобрување во сите сфери на работењето, а како потврда на тоа е шестиот по ред извештај со позитивна препорака за отпочнување на преговорите. Исто така претседателот Вељаноски го запозна известувачот со моментална состојба во Република Македонија и Собранието. Притоа тој истакна дека сите политички субјекти се одговорни за остварувањето на парламентарната демократија и во таа смисла укажа дека моменталниот бојкот на опозицијата има негативно влијание врз работата на Собранието, врз целокупиот впечаток со кој се стекнува јавноста и меѓународната заедница. Претседателот Вељаноски укажа и дека тој како претседател ги употребува сите механизми кои му ги овозможуваат Деловникот и Уставот на Република Македонија за да овозможи дијалог помеѓу политичките партии и е цврсто убеден дека само институционалниот дијалог носи допринос за државата.
Ивестувачот Вајгл укажа на неговата поддршка и искрен пријателски однос кон Република Македонија. Тој истакна дека поддржува политички дијалог остварен преку институциите, пред се преку Собранието на Република Македонија. Известувачот Вајгл истакна дека целосното функционирање на Собранието допринесува за градење на позитивна слика за државата како и на Европските интеграции. Тој укажа на одговорноста која ја носат политичките субјекти, а која ја добиваат на изборите од сите граѓани дека истата треба да биде реализирана преку институциите во овој случај преку Собранието. Известувачот Вајгл искажа поддршка за совладување на сите предизвици кон европското интегрирање на Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа