Тргачевски за „Пулт“ на РСМ: Неуморни сме во трката со криминалците
„Мора да се умре и да се плати данок“ – оваа максима која важи во САД и западно европските земји сеуште докрај не е дел од макеоднскиот емнталитет но земјава се движи во таа насока, вели за ПУЛТ на Радио Слободна Македонија првиот човек на финансиската полиција Александар Тргачевски.
„Годишно откриваме финансиски злоупотреби во висина од 10 до 20 милиони евра. Најчесто се работи за затајување на данок. Тоа значи кражба од државниот буџет, од парите кои треба да бидат плата за државната администрација, пари со кои треба да се градат училишта и градинки.. Ова дело мора да биде строго санкционирано“, вели директорот на Управата за финансиска полиција Александар Тргачевски во интревју за ПУЛТ.
Финансиските криминалци најчесто работат во групи а мозокот во многу случаи е добар познавач на законите.
„Се работи за исклучително софистициран криминал кој може да го стори само оној кој добро ги познава законите. Годинава откривме повеќе случаи во кои сметководителите ги советувале своите клиенти како да го заобиколат и прекршат законот што е навистина жално и апелираме до оваа фела во која има исклучителни професионалци да не ја злоупотребуваат својата функција и своето знаење“, вели Тргачевски.
Финансиската полиција е во секојдневна трка со криминалците кои знаат да бидат инвентивни а преземаат и странски искуства. Тргачевски велид ека тие се неуморни во оваа битка. Лично смета дека казните треба да бидат и повисоки од сегашните.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа