Раководството на СДСМ прочитана приказна - народот не им верува
Народот не верува во очајните потези на раководството на СДСМ кое веќе е прочитана приказна. Последните истражувања на јавното мислење говорат дека рејтингот и довербата во опозицијата е во надолна линија. Без стратегија и програма, граѓаните не слушнаа конкретни идеи и предлози кои ќе бидат во нивна полза.
Опозицијата нема кредибилитет. Граѓаните не веруваат во несериозните чекори на раководството на СДСМ кое нема никаква стратегија за свое делување по катастрофалниот пораз од 200.000 гласови разлика на парламентарните избори. Очајните потези и обидите за манипулации се препознаени од страна на граѓаните, кои велат дека довербата е изгубена од поодамна.
СДСМ пред неколку месеци вети дека 5.000 тимови ќе тргнат на терен, но од најавените тимови засега во јавноста беше забележан само прирачникот со кој партиските активисти се учат како да се однесуваат кон народот. Иако од СДСМ рекоа дека посетите на тимовите се отпочнати и тие се тргнати на терен, никој ги нема забележано. Реакциите на граѓаните се дека тоа не е изненадување, туку само уште едно лажно ветување на кое веќе се навикнати.
-На политиките на СДСМ не би можел да верувам, тие досега се служат само со лаги и нешто манипулираат и мислам дека деструктивната политика е политика која не води на добро и мислам дека мандатите треба да си ги варатат барем да ги оправдаат оние луѓе кои гласале за нив, вели еден граѓанин.
СДСМ најави и дека ќе формира експертска влада, но наместо тоа формира комисии кои освен тоа што на прес-конференции упатуваат низа критики и обвинувања, не нудат ништо конструктивно и нема никаква делотворност во корист на граѓаните. Празните ветувања кои не се остваруваат се секојдневие, граѓаните коментираат дека би биле изненадени доколку се оствари некое од ветувањата.
Уште една најава на опозицијата се покажа како целосна невистина. По катастрофалниот пораз на парламентарните избори, СДСМ најави жесток летно- есенски период како излегување на улица и улична демократија. Ништо од ова не се оствари, доколку не се земат во предвид неколкуте студентски протести кои очигледно беа партиски мотивирани и поттикнати, како и смешни афери по примерот на онаа со пасошите која ја објави „Фокус“.
Експертите сметаат дека немањето кредибилитет мeѓу граѓаните, се должи и на деструктивната политика, односно немањето никаква конструктивност. Универзитетската професорка Тања Каракамишева и порачува на опозицијата да ги прочита најновите трендови во градење на позитивна кампања за освојување на политичкиот простор, да направи модерна, вистински стратешка политичка програма со визија и концепт.
- Соџвакајте ги добро овие податоци и ставете ги, пред сé, во сопствена функција. Дури тогаш, тој и таков народ, тие и такви граѓани, ќе почнат да ве антиципираат и вреднуваат на ним традиционално својствен начин. Сé дотогаш, вашите „бомби“ ќе делуваат како стари, сини балони кои и ако ги пукнеш нема штета, нема звук, има само една до две вибри на прстите, прес конференциите ќе ви изгледаат како сто пати видени каубојски филмови со крај кој го знаеш од почетокот на филмот, „големите афери“ ќе ви наликуваат на добра предполноќна забава, а вашите пет барања како пет сламки за пет давеничко/спасителски обиди да се дојде до толку посакуваните фотелји на „Илинденска“, или барем до задржување на челничките позиции во партијата. Па макар и за неколку месеци, вели Каракамишева.
Последната анкета на Републиканскиот институт ИРИ објавен пред два месеца покажува дека граѓаните веруваат дека владејачката ВМРО ДПМНЕ е далеку поспособна да се справи со проблемите и предизвиците во земјава од Социјалдемократите.
ИЗвор: Курир
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа