Светски ден на волонтерството

 

Црвениот крст на Република Македонија денеска ќе го одбележи Светскиот ден на волонтерството - 5 декември и на свеченост напладне во Музејот на македонската борба ќе додели волонтерски награди. 

Покрај претставници од Црвениот крст и од Министерството за труд и социјална политика, ќе учествуваат и јавни личности како позитивни примери кои го практикуваат и поддржуваат волонтерството и хуманитарните активности.  

Светскиот ден на волонтерството ќе го одбележат и невладините организации „Уметност на живеење Македонија", „СУНА - Скопје" и „Арт лајф" преку „Коалиција Боите на животот" со повик до заинтересирани граѓани и организации да се приклучат кон глобалната акција за волонтерство во разни сфери во општеството. 

Тие организираат акција за донација на храна и засолнување на бездомни животни. Акцијата ќе почне во  16 часот на паркингот пред ТЦ Рамстор.

 

 

Оцени ја веста

05.12.2014 - 09:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега