Првите пациенти со грип оваа сезона примени на Инфективна
На Клиниката за Инфективни болести хоспитализирани првите пациенти поради компликации од грип оваа сезона, пишува Здравство.24.
Една од нив е 17 годишна девојка кај која лабораториски било потврдено присуството на вирусот. Примала тамифлу поради добиената пневмонија. За останатите пациенти со респираторни инфекции лекарите се уште чекаат анализа на примероците. Досега во ИЈЗ регистрирале 883 случаи со клиничка слика на грип. Само последната недела биле пријавени 193-ца заразени.
- Имаме зголемување на бројот на заболени и во однос на минатата сезона бројката е за 2,5 пати поголема. Годинава грипот почна многу порано и тоа се должи или на фактот што имаме многу повеќе заболени, или, пак, на подобреното пријавување, изјави Гордана Кузмановска од ИЈЗ, за Здравство.24.
Во лабораторијата на ИЈЗ кај 7 пациенти е потврдено присуството на грип. Од примероците, пак, кои биле испратени од Пулмологија за пациенти со тешка клиничка слика, не било утврдено присуство на вирусот.
- Инфективна Пулмологија и 8-ми септември еднаш неделно треба да праќаат примероци за анализа од пациенти со тешка клиничка слика, вели Кузмановска
Најмногу од заболените оваа сезона има во Тетово – 356.Во осум градови во земјата досега не е пријавен ниту еден случај.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа