МЕТЕОАЛАРМ: Влажен медитерански бран доаѓа кон Македонија - утре пола земја во жолта фаза

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на слаба магла, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели понекаде ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни ќе достигнат до 10°C односно до 15°C.
Во Скопје во утринските часови ќе има појава на маглаа, а во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени кратки сончеви периоди. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна ќе достигне до 13°C.
Во петок во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Претпладне ќе биде претежно облачно, а попладне и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи се очекуваат во вечерните часови. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 10°C до 15°C.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









