Груевски се сретна со Ричард Ховит
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска се сретна со досегашниот известувач на Европскиот парламент за Република Македонија, Ричард Ховит.
Соговорниците, како што соопшти владината прес-служба позитивно ја оцениле досегашната соработка, изразувајќи заложби за продолжување на комуникацијата на теми од заеднички интерес.
Премиерот Груевски изразил благодарност до Ховит, за неговиот досегашен ангажман и придонесот кој тој го имаше во спроведувањето на реформите и во напредокот на Република Македонија кон Европската Унија.
Претседателот на Владата дал и позитивна оценка за поддршката која Европскиот парламент континуирано ја овозможува на Република Македонија во процесот на унапредување на состојбите и исполнувањето на европските стандарди.
Тој го информирал соговорникот и за понатамошната посветеност на Владата за реализација на стратешките определби на Република Македонија за членство во Европската Унија и НАТО.
Ховит истакнал дека и во идниот период, како и досега, во рамките на своите ангажмани ќе продолжи да ја поддржува нашата земја во процесот на достигнување на европските и евро-атлантски стандарди.
Соговорниците разговарале и за владиниот акциски план за идните реформи кој е изготвен согласно препораките на Европската Комисија
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа