Водотоците зголемени - гормиот дел на Вардар критичен
Зголемување на сите водостои е забележано особено во полошкиот, југозападниот и пелагонискиот регион каде има најголеми количества воден талог изминатите денови.
Како што соопшти УХМР, најранливи подрачја каде што треба да се следи состојбата се горниот дел на сливот на реката Вардар (Јегуновце и Раотинце), горниот и пелагонискиот дел на сливот на Црна.
Водите во горниот дел на сливот на реката Треска и Радика денеска се во опаѓање.
Вечер и во текот на ноќта се очекуваат врнежи во југоисточна и источна Македонија каде водостоите ќе продолжат да растат.
Утре и во петок претпладне не се очекуваат врежи што ќе придонесе за времено стабилизрање на водотеците.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа