Маглата направи проблеми на патиштата кај Дебар
Поради магла видливоста на патиштата кај Дебар е намалена до 50 метри. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по влажни коловози, информира во утринскиот извештај диспечерско-информативниот центар на Јавното претпријатие „Македонија пат“.
Во клисурите и усеците е можна појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани - Делчево, Виница - Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија - Удово и Катланово-Велес.
На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сигнализација, како и прилагодување на брзината кон условите на патот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа