Балканот под снежна бура - во Македонија се најавува топла зима
Во Македонија во среда ќе биде претежно облачно и ветровито. Попладне нестабилно со врнежи од дожд во југоисточните и источните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува умерен североисточен и источен ветер. Утринските температури ќе се движат од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10°C односно до 15°C
Во Скопје во среда ќе биде претежно облачно и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 9°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 13°C.
Во четврток во утринските часови врнежите од дожд ќе престануваат и постепено намалување на облачноста, па во попладневните часови можеме да очекуваме и повремени кратки сончеви периоди. Слаб ветер од променлив правец. Во вечерните часови ќе има појава на магла. Утринските температури од 5°C до 11°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 10°C односно до 15°C.
Анализите за подолг период, кои секогаш треба да се земаат со резерва велат дека во текот на цел декември ќе имаме температури над просекот, односно не се очекуваат негативни вредности.
Првите улсови за снег во котлините ќе се создадат кон средината на месецот, но и тогаш нема да имаме некоја подебела снежна покривка со оглед на тоа што температурата ќе биде на 5 степени
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа