Зимата доаѓа: Температурите паѓаат - се најавува и снег

 

Иако на први декември е официјалниот почеток на метеоролошката зима, вистинска зима во првата недела од овогодинешниот декември нема да видиме. Во првата половина од новата недела се очекува облачно време со повремен дожд. 

 

Првите 3 дена, заклучно со среда ќе поминат во облачно време. Се очекува дожд, но истиот ќе доаѓа во серии на повремени врнежи. Голема е можноста овие врнежи локално да бидат поинтензивни. Понеделник и вторник ќе бидат малку ветровити, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисток.

Утрата ќе бидат топли, а минималната температура ќе биде во дијапазонот од 7°С до 11°С.

Максималната температура овие денови исто така ќе биде релативно висока и ќе има вредност помеѓу 10°С и 14°С низ поголем дел од населените места, а во повисоките градови таа ќе има вредност до 10°С.

 

Во втората половина од неделата и понатаму ќе се задржи претежно облачно време, но без некои особени услови за значителен дожд. Се очекуваат и повремени, но краткотрајни и локални сончеви периоди.

Иако се очекува краткотраен продор на воздушна маса од североисток, сепак тоа нема значително да ја намали температурата. Минималната температура ќе има вредност во границите од 5°С до 9°С.

Максималната дневна температура во четврток ќе биде во границите од 9°С до 13°С, додека во петок ќе биде за нијанса посвежо со максимална низ котлините од 7°С до 11°С. 

Можни врнежи од снег се најавуваат за викендот во втората недела од декември. Во сабота постојат услови за снежни врнежи додека во недела, можно е снежните врнежи да преминат во дожд. 

 

 

Оцени ја веста

01.12.2014 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега