На „Ало докторе“ помош побарале 11.699 лица
На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе„ од нејзиниот старт до сега се јавиле вкупно 11.699 лица. На граѓаните за побараната медицинска помош, покрај докторите, секој ден од 18 до 22 часот, совети им даваат и директорите на јавните здравствени установи.
Телефонската линија за медицински совети почна да функционира на 15 септември годинава. За здравствени совети достапни се 22 доктори, а јавувањата се од граѓани од сите градови во Македонија.
На сите лица кои се јавија на телефонската линија „Ало докторе“ им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.
Најчесто јавувањата се за медицинска помош со најразлична симптоматологија, кардиоваскуларни и респираторни симптоми, здравствен совет за најмалите, проблеми со покачена телесна температура, кашлица, настинки и симптомна болка.
Денеска во кол центарот на „Ало докторе“ од 18 до 22 часот ќе биде дежурен проф. д-р Игор Кузмановски од Клиниката за неврологија, а утре проф. д-р Александар Чапароски, директор на Клиниката за неврохирургија. Во среда ќе биде дежурен директорот на Клиниката за дигестивна хирургија проф. д-р Сашо Караѓозов, во четврток д-р Соња Кузмановска од Институтот за клиничка биохемија, на 5 декеври доц. д-р Темелковски од Клиниката за ортопедски болести, во сабота проф. д-р Ненад Коксимовиќ од Клиниката за гастроентерохепатологија, а во недела д-р Надица Митревска од Универзитетската клиника за радиологија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа