Исчезна познатиот македонски бранител Бинго - семејството во шок
Претседателот на Здружението на бранители на Куманово, Предраг Петрушевски-Бинго е пријавен за исчезнат утринава пренесува порталот Инфомакс.
Тој бил недостапен за неговите најблиски на неговиот мобилен телефон по што бил пријавен за исчезнат во полиција.
-Се замолуваат сите оние кои ќе го видат лично него или неговиот автомобил форд караван со темносина боја со кумановски регистерски таблички KU - 4501 да пријават во најблиската полициска станица, пренесува Инфомакс.
Предраг Петрушевски-Бинго е истакнат активист и претседател на Здружението на бранители од 2001 година.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа