Повреденото дете во сообраќајката во Велес било хоспитализирано на КАРИЛ

 

Тешко повреденото дете кое беше дел од вчерашната сообраќајка во Велес се бори за живот на КАРИЛ

Детето било во автомобилот „фолксваген“ кое вчера попладнево излета од улицата пред спомен – костурницата на кружниот тек на влезот во Велес. Седумгодишното дете со возило на Брзата помош околу 16 часот било донесено на Ургентниот центар.

Со сериозни повреди на главата и нозете во тешка состојба било хоспитализирано на Клиниката за анестезија реанимација и интензивно лекување каде лекарите се борат да му го спасат животот.

Другите тројца повредени во сообраќајната несреќа на влезот во Велес се млади на возраст меѓу 18 и 20 години. Сите тројца беа задржани на лекување во Велешката болница.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 12:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега