Без чадор не излегувајте - дожд во текот на целиот ден

 

Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со краткотрајни локализирани врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од осум до 14 степени.

Во Скопје слично време со температура до 12 степени.

Врнежите ќе бидат пообилни од понеделник попладне и ноќта кон вторник кога локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Од понеделник ќе дува умерен повремено засилен југоисточен ветер, а од вторник ветерот ќе биде северен.

 

 

Оцени ја веста

30.11.2014 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега