ФОТО: Алфа Ромео 4C пристигна и во Скопје

 

Дизајниран од инженерите на Alfa Romeo и произведен во фабриката на Масерати го одбележува и враќањето на италијанската марка Alfa Romeo на американскиот пазар.

Акроним 4C

Акронимот ‘4C’ ја отсликува инспирацијата на брендот од легендарното минато, со проектирање на технолошки вредности и емоции во иднината. Целосно се однесува на спортската традиција на Alfa Romeo: акронимите 8C и 6C во 1930 и 1940 се типични спортски автомобили со моќни ‘осум цилиндри ’ и иновативни ‘шест цилиндри’, за потврда на дизајн со постигнување на сооднос маса-моќност пониска од 4 кг/КС . Alfa Romeo 4C користи технологии и материјали кои потекнуваат од светот на супер спортски автомобили (вклучувајќи ја и Alfa Romeo 8C Competizione) – карбонски влакна, алуминиум, моторен погон на задни тркала – и технологии од најнова генерација на стандардните модели на Alfa Romeo. Доказ за ова е 1750 Turbo Petrol со мотор од алуминиум со директно вбризгување, софистициран "Alfa TCT" автоматски менувач со 6 брзини со двојно суво квачило и селектор Alfa DNA Race.

2500Alfa-4C-MK-14

Надворешност

Дизајниран во центарот за стил Alfa Romeo Style Centre, 4C веднаш потсетува на легендарните традиционални модели кои оставија значаен впечаток во историјата на брендот. На моделот 33 Stradale, се надоврзува Alfa Romeo 4C која заедно со 8C Competizione, се комплетира понудата позната по компактните димензии, динамичност и агилност.

3500Alfa-4C-MK-12

Ентериер

Да се влезе во Alfa Romeo 4C значи да се нурне во светот на спортот. Како однадвор, така и однатре секој елемент има своја прецизна функција: 4C ја намалува тежината и става на располагање она што е неопходно и потребно за добри перформанси на возење.

Пред сè структурата, единствена ќелија изведена од карбонски влакна. Внатре седиштата се тркачки и гарантираат спортско, но удобно седење. За да се произведат се употребени: појачан композитен материјал, полесни полнења и пресвлеки по избор, во технички штоф или кожа.

Сè во внатрешноста на 4C ја искажува спортската поставеност за возење на Alfa Romeo. Гумираниот волан во долниот дел, таблата - сочинета од термоформиран слој како во суперавтомобилите во ограничено издание - и командите се целосно ориентирани кон возачот да има целосна контрола на автомобилот. Инструмент таблата содржи графика со многу јак контраст, инспирирана од мотоциклистичкиот свет и од оној на тркачките автомобили. Конечно, педалите и потпирачите за нога во алуминиум го комплетираат спортскиот карактер на внатрешноста до последниот детаљ.

6500Alfa-4C-MK-6

Димензии и аеродинамичност

Помалку од  4 метри должина, 2 метри ширина и 118 cm висина. На Alfa Romeo 4C не се смели само димензиите, туку и проектниот избор: решено беше да не се оди до крајност во моќноста, туку да се намали тежината. Ова е предизвикот кој води кон реализација на секој единечен елемент на автомобилот.

Нов 4 цилиндри ’ 1750 турбобензинец  

1.750 Турбобензинец, со 4 цилиндри е уметнички израз на технологијата применет на мотор со внатрешно согорување. Техничарите на Alfa Romeo го трансформираа во пропулсивна единица која е уште поагресивна и поефикасна.

 4 цилиндри, основа и структура во алуминиум, турбокомпресор од новата генерација, директно вбризгување и висок притисок, двоен варијатор на продолжени фази, технологија Scavenging и менувач со двојно квачило му овозможуваат на моторот од 1.750 да достигне нови спортски нивоа.

4500Alfa-4C-MK-10

Alfa TCT автоматски менувач  

Не е само моќноста таа што го фиксира нивото на перформансите на Alfa Romeo 4C, за да се водат достигнувањата на моторот потребен е еволуиран систем за трансмисија. Затоа, автомобилот е опремен со менувач со 6 брзини со двојно суво квачило Alfa TCT: решение кое ги поврзува непосредноста на секвенцијалниот и удобноста на автоматскиот. Се работи за систем што работи како два менувачи паралелно, секој со свое квачило, каде уфрлувањето во следна брзина се случува додека претходната сеуште работи, и на тој начин ги елиминира празнините.

Менувачот Alfa TCT е променет ад хок за да cе седне зад воланот на Alfa Romeo 4C. Во оваа посебна верзија софтверот за водење на менувањето на брзините е комплетно нов и гарантира максимална брзина во изборот на брзината, во сите услови. Кога се вози во најспорстките начини менувањето е поагресивно и поспортско и предупредува со благ контраудар дека е потребно да се промени брзината, како кај тркачките автомобили. На кривина пак, брзините се следат на најблаг можен начин за да ја обезбедат стабилноста на возилото.

550Alfa-4C-MK-2

Alfa DNA selector со ‘Race’ mode

Alfa Romeo 4C располага со новиот селектор за брзини Alfa DNA со кој се подесува карактерот на автомобилот: послушен и внимателен (All weather), урамнотежен и со перформанси (Natural) или пак отсечен и агресивен (Dynamic). Alfa Race е најекстремната поставеност на возење што се инспирира со ставање на селекторот во начин Dynamic и се држи притиснат некоја секунда. Идеален за користење на писта кога е неопходно да се има апсолутна контрола на автомобилот: Alfa Race ја ограничува на минимум интервенцијата на електронските системи, препуштајќи ја иницијативата на возачот.

Во ваков случај контролата на стабилноста ESC останува неактивна и ја ограничува превенцијата при силни кочења. ASR не интервенира ни на моќноста, ни на кочниците, така што погонот се води ексклузивно преку педалата за гас. Останува пак активен диференцијал Alfa Q2, основно за да ја максимизира брзината на излез од свиоците.

Генијално дело made in Italy

Најдобрата технолошка и индустриска експертиза на Alfa Romeo и брендот Maserati е применета за креирање на последната верзија на 4C. Тимска изработка на двата бренда со цел интегрирање на дизајнот на Alfa Romeo на производствените погони на Maserati. Брендот Alfa Romeo,во текот на историјата е еден од најпознатите амбасадори на италијански производи во светот.

 

 

Оцени ја веста

28.11.2014 - 17:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега