„Беше чесен и домаќин човек" - нови детали за убиецот од Злетово
Чесен другар, домаќин, крајно сериозен, многупати пофалуван и доста стабилен човек. Вака го опишуваа професионалниот војник Драганчо Маноилов, оние со кој работел и оние со кои имал службен контакт.
На брифингот со новинарите одржан денска од страна на МО и ГШ на АРМ информираат дека Маноилов во период од јуни 2013 фавруари 2014 година, не бил ангажиран за извршување стража поради сознанијата кои ги имале дека против професионалниот војник е покрената кривична пријава.
- Нашите информации зборуваат дека чинот на кој се одлучил е предизвикан со нешто, можеби со некаква информација што ја добил. На 24 ноември извршувал должност без проблем и немало никакви знаци кај него дека е растревожен, рече портпаролот на ГШ на АРМ.
Според невропсихијатарот во Воено-медицинскиот центар и за приемот во службата на АРМ, и пред упатување и по враќањето од мировната мисија ИСАФ во Авганистан во 2013 година не е констатирана никаква патологија односно дека има одредени проблеми. Психолог од Воено-медицинскиот центар пак тврдеше дека конзилијарното мислење од тројца психолози за Маноилов е дека нема никакви индикации, напротив се покажале одлични резултати.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа