Парламентарен дијалог ЕУ-Македонија

 

Во Европскиот парламент во Стразбур попладнево започна со работа 12-от состанок на Мешовитиот комитет Република Македонија - Европската Унија.

Со Мешовитиот комитет претседаваат Кенан Хасипи, претседател на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и словенечкиот европратеник Алојз Петрле, претседател на Делегацијата на ЕП за Македонија. На дневен ред се внатрешните политички случувања во Македонија, но и евроинтегративните текови на нашата земја. 

- Мислам дека е добро што повторно започнавме со работа по скоро една година. Мислам дека ќе започнеме со добра атмосфера и со волја да ја развиваме парламентарната димензија на процесот за пристапување. Јас очекувам по оваа прва средба да дојде до промени во Македонија и дека позицијата и опозицијата ќе соработуваат, и, на европски план, бидејќи ние сакаме овој Комитет да работи во полн состав, рече Петрле, пред почетокот на состанокот.

По подолга пауза двете делагации повторно се состанаа во Стразбур, но овој пат во нов состав поради изборите во Македонија и ЕУ.

На состанокот свое обраќање има и вицепремиерот задолжен за евроинтеграциии, Фатмир Бесими, кој денеска имаше повеќе билатеранлни средби со европратеници.

Заменик - претседателот на македонскаат влада притоа имаше и средба со Генералниот секретар на Советот на Европа, Торбјорн Јагланд.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 17:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега