Мала Преспа: Учениците Македонци останаа без учителка по мајчин јазик
Единствената наставничка по македонски јазик во основното училиште во Мала Преспа добила отказ.
Со ова учениците од македонска етничка заедница останаа без наставник по мајчин јазик.
Одлуката на регионалниот преставник на министерството за образование на Албанија, да ја суспендира Флорета Никола, поради наводно немање соодветно образование го шокираше македонското малцинство во Албанија.
Локалната власт во Мала Преспа веднаш реагирала и побарала преиспитување на одлуката за суспензија на наставничката. Со оглед на тоа дека не постои соодветен наставен кадар, наставата по македонски јазик сега је изведуваат наставници кои предаваат други предмети.
Градоначалникот на Мала Преспа очекува позитивен одговор на жалбата, а исто и суспендираната наставничка, која повеќе од 15 години ја изведува наставата.
Македонците во Мала Преспа се сомневаат дека Никола, е жртва на политички реваншизам на Премиерот Еди Рама, бидејќи тие како етничка заедница, преку партијата Македонска алијаса за европска интеграција на изборите го поддржаа Сали Бериша за Премиер.
За целиот случај е запознаена и македонската амбасата во Тирана, која исто така очекува наставниќката да биде вратена на работното место.
Во Албанија на педагошката академија нема настава на Македонски јазик, од каде би произлегол соодветен кадар за наставници по македонски јазик.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа