Врие од несовесни возачи во Битола
За седум дена СВР-Битола регистрирала 493 сообраќајни прекршоци кои ги предизвикале возачите, а во 16 случаи сообраќаен прекршок направиле пешаци.
- Во периодот од 17 до 23. ноември контролирани се вкупно 2.233 возила, при што се констатирани 493 прекршоци. Во 44 случаи е констатирано присуство на алкохол кај возачите, 59 случаи на управување на возило без возачка дозвола, 109 случаи на пречекорување на дозволената брзина, 7 технички неисправни возила, 35 нерегистрирани возила или со измината важност на сообраќајната дозвола, 28 случаи на погрешно паркирање, 51 за некористење на сигурносен појас. Констатирани се 4 случаи за минување на црвено светло, 13 за користење на мобилен телефон при управување со возило. Но, сообраќајни прекршоци прават и пешаците и притоа се евидентирани 16 прекршувања на правилата во сообраќајот, информираат од секторот за односи со јавност при СВР-Битола.
Согласно проектот на МВР „Полицијата и граѓаните – заедно“, на територијата на општина Крушево е реализиран состанок на тема „Управувај безбедно со земјоделската механизација“, каде граѓаните се запознати со измените на Законот за возила во делот на легализација и регистрација на трактори, а полициски службеници одржааа и една едукаѕивна средба со студентите во Технички факултет во Битола.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа