МОН го стега обрачот: Како ќе се бираат директори во училиштата?

 

Не секој може да биде директор на основно или средно училиште. Министерството за образование и наука планира да го стегне обрачот во оваа насока иако директорите на училиштата ги именува градоначалникот.

Првиот предлог-закон е за обука и испит на директор за основно, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење. Вториот предлог-закон е за стручен испит на наставник, стручен соработник и воспитувач во основно, средно училиште и ученички дом.

Имено, секој потенцијален директор ќе мора да помине низ одредени обуки во 5 модули. По обуките ќе полага испит.

Во едно училиште директор може да биде долгогодишен професор, но од друго училиште од иста фела.

 

 

Оцени ја веста

26.11.2014 - 12:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега