Пекабеско во трка за најдобар веб сајт во две категории
Најдобар бизнис сајт и најдобар веб сајт за храна и здравје се номинациите каде се натпреварува Пекабеско, најголемиот производител во сувомесната индустрија и лидер во дистрибутивно – логистичката дејност.
Гласањето трае до 5 Декември оваа година, а интернет посетителите можат да гласаат на веб страната www.sajtnagodinata.mk Секој може да распредели по 3 гласа во секоја категорија.
Пекабеско се натпреварува во две категории: Најдобар бизнис/корпоративен сајт и најдобар веб сајт за храна и здравје.
Како што информираат организаторите на манифестацијата, изборот на Сајт на Годината е проект кој има за цел да ги промовира, развива и поддржува интернет медиумите и севкупното интернет издаваштво во Македонија. Сајт на Годината ги адресира сите прашања поврзани со електронскиот медиум и простор во Македонија. Мисијата на оваа манифестација е да го подигне нивото на електронскиот медиумски простор во Македонија преку препознавање и наградување на најдобрите остварувања од разни области на електронското издаваштво и развој на интернет културата во Македонија.
Mанифестацијата "Сајт на Годината" е во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами keepaneye.mk, а се одржува по јубилеен петти пат оваа година. Победниците во сите категории ќе бидат прогласени на 11 Декември годинава.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа