ВРЕМЕ: Снегот доаѓа во четврток
Во Македонија во среда во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претполадне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно. Попладне нестабилно со слаби врнежи од дожд кој прво ќе ги зафати западните предели а во доцните попладневни и во вечерните часови ќе се прошири и на останатите предели. На планините над 1200 метри со слаби врнежи од снег. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели понекаде ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од -2°C до 6°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 12°C.
Во Скопје во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно облачно а во вечерните часови нестабилно со слаби врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3°C, а максималната дневна температура до 9°C.
Во четврток ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд и ветровито. Поинтензивни врнежи се очекуваат во вечерните часови и во текот на ноќта. Во раните утрински часови услови за врнежи од снег ќе има над 1000 метри надморска висина. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -1°C до 7°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 12°C.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа