Жителите на општина Росоман утре ќе добијат ново повеќенаменско игралиште
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески придружуван од заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, утре ќе пушти во употреба повеќенаменско игралиште во општина Росоман.
Новото игралиште е дел од владиниот проект „Изградба на 100 повеќенаменски игралишта низ целата држава“ и на него ќе може да се игра кошарка, мал фудбал, ракомет, серва и други спортови.
Вложувањата во спортската инфраструктура имаат за цел изградба на психо-физичка здрава и подготвена младина.
Оцени ја веста
25.11.2014 - 16:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа