Во патната инфрастурктура се прават проекти какви што не се паметат децении наназад

Преку Програмата за национални патишта за која што дадовме силна поддршка како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, се обезбедија средства за проекти во патната инфраструктура која што ќе ги подобри и осовремени патиштата низ државата и како проекти веќе се влезени во собраниска процедура, истакна Лилјана Затуровска, пратеник во Собранието на Република Македонија.
Во продолжение следува интегрален текст од прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ на која се обрати Лилјана Затуровска, пратеник во Собранието на Република Македонија.
Дел од средствата обезбедени за реализација на оваа Програма, се однесуваат наизградба и реконструкција на повеќе делници, но денес ќе се задржиме на изградбата на нов автопат од Струга до Требеништа.
Новиот автопат Струга – Требеништа ќе се протега во должина од 8,5 километри. Ова автопатското решение предвидува изградба на нова делница со коловоз од по две ленти со широчина од 3,75 метри и по една застанувачка лента широка 2,5 метри во секој правец. Проектна брзина за движење на возилата ќе биде 120 (130) км/час.
Исто така значајно е да се напомене дека новиот автопат Струга – Требеништа ќе претставува крак кој ќе се поврзува со новиот автопат од Кичево до Охрид кои што веќе е во изградба и се одвива според планираната динамика.
Изградбата на оваа делница на ниво на автопат, значително ќе придонесе за олеснување на протокот на сообраќај низ населените места особено во летниот период од годината, но и за исполнување на барањата и потребите на граѓаните од овој предел за зголемување на безбедноста и сигурноста на учесниците во сообраќајот во иднина.
Реализацијата на проектот за изградба на автопат од Струга до Требеништа значително ќе придонесе и за поквалитетна туристичка понуда, како и за поголема достапност на туристичките знаменитости кои што Република Македонија ги нуди во овој регион.
Охридско – струшкиот регион со проектите предвидени во патната инфраструктура ќе добие и автопатско решение, Кичево - Охрид, кој што веќе е во изградба, како и нов експресен пат од Охрид до Пештани за кои што исто така веќе се обезбедени средства.
Освен во Охридско – струшкиот регион нови патишта ќе се градат и низ целата Македонија, како што се на пример, делницата Раец – Дреново дел од новопланираниот експресен пат Градско – Прилеп, нов експресен пат од Штип до Кочани, делницата Велес – Кадрифаково, започнатиот автопат Миладиновци – Штип како и многу други инфраструктурни решенија кои што ќе ја променат и осовременат патната мрежа во државата.
Сите овие крупни инвестиции и зафати кои што се прават во патната инфраструктура во овој регион, освен што ќе помогнат за равој на туризмот како најзначајна гранка, ќе обезбедат и забрзан економски развој, како и поголема и посигурна комуникација на граѓаните од овој регион со останатите делови од Република Македонија. Ова се проекти во патната инфрастурктура какви што не се паметат децении наназад.
Како пратеник од редовите на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој што доаѓа од Струга, во име на целата Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ја поздравувам силната заложба на Владата на Република Македонија, а ние како пратеници во Собранието на Република Македонија и понатаму ќе се залагаме максимално да ги застапуваме потребите и барањата на граѓаните кои што ги добиваме при секојдневната комуникација со нив.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа









